„Итно ме оперираа, го спасија животот на моето бебе“: Кортни Кардашијан со детали од драмата
Кортни Кардашијан имала итна операција која го спасила животот на нејзиното неродено бебе и нејзиниот живот. Таа вчера на Инстаграм ги објави деталите од драмата која се случувала. Објави и фотохграфја на која се држи за рака со сопругот Тревис Баркер. Им се заблагодари на лекарите кои ѝ помогнале нејзе и на нивното неродено дете.
Му се заблагодари и на нејзиниот сопруг кој „побрзал кај неа од турнејата за да биде со неа во болница и потоа да се грижи за неа“. Таа го нарече своја карпа. Таа и ѝ се заблагодари на нејзината мајка Крис Џенер.
Пред неколку дена се дозна дека Кортни Кардашијан завршила во болница.
„Како некој кој имал три навистина лесни бремености, не бев подготвена за стравот што доаѓа со итна операција на фетусот. Мислам дека некој кој не поминал низ слична ситуација не може да го разбере тоа чувство на страв", напиша Кортни, која со нејзиниот поранешен партнер Скот Дисик има ќерка и два сина.
Таа рече дека најголемиот благослов е да ја напуштиш болницата знаејќи дека твоето дете е здраво, пишува TMZ.
Да потсетиме, Тревис Баркер мораше да ја прекине турнејата што ја започна со бендот Blink-182 бидејќи неговата бремена сопруга Кортни Кардашијан заврши во болница. Бендот во петокот објави дека го одложува почетокот на серијата концерти во Европа поради „итна семејна ситуација“ на нивниот тапанар.
Поради итна семејна ситуација, споменатиот бенд ги одложи настапите во Глазгов, Белфаст и Даблин и порачаа дека во најбрз можен рок ќе излезат со нови информации. Во меѓувреме, Тревис објави фотка од аеродромот во Глазгов со натпис: „Ајде да се молиме заедно“ додека Кортни се повлекуваше од мрежата.
Двојката се венча минатата година, музичарот има ќерка и син од претходниот брак.
Фото: Youtube - screenshoot/Инстаграм