Изборот на чанта открива многу повеќе отколку што мислите: Најсреќните жени носат ваков модел
Насловна фотографија: Profimedia
Истражувањата покажаа дека успешните и задоволни жени носат чанти со средна големина
Кетрин Ајсман две години истражувала што носат жените во чантите. Таа потоа објасни дека има речиси 40 типови на личности кои можат да се класифицираат во четири главни категории.
Проверете на кој тип припаѓате:
МИНИМАЛИСТ
Жените кои припаѓаат на оваа категорија се мајстори на организација. Во нивната чанта има паричник, клучеви, мобилен телефон и очила за сонце. Предметите кои немаат намена никогаш нема да се најдат во нивната чанта. Точно знаат каде се, исклучително се организирани, имаат сѐ во животот и во чантата, сѐ е тип-топ.
КРЕАТИВНА
Чантата која најдобро го опишува поимот „дупка без дно“ им припаѓа на жените кои се дефинираат себеси како креативни. Во нејзината чанта се наоѓа сѐ – од заборавени неплатени сметки до термос со кафе. Креативните жени најчесто избираат чанти со светли бои кои ја покажуваат нивната отворена природа и пристапност.
S.O.S ХЕРОИНА
Таа знае дека животот е полн со изненадувања и е подготвена за нив. Има многу работи во чантата, но секоја има своја цел. Има и четки за заби и украси за коса, а често може да се најде и полнач за мобилен телефон, накит и слично.
ГРИЖЛИВА
Кога ви треба фластер или лек против болки, консултирајте се со оваа грижлива душа. Во чантата секогаш има предмети што можеби ќе им требаат на другите. Грижливите души се многу чувствителни и сакаат секогаш да имаат книга со себе што ги носи во светот на имагинацијата.
А што се однесува до големината на чантата, еве што таа открива за вас:
МАЛИ ЧАНТИ
Помалите чанти ги избираат жени на кои не им се потребни многу работи, пари, но и пријатели за да бидат среќни. Задоволни се и со мал број пријатели со кои имаат искрен и квалитетен однос.
СРЕДНИ ЧАНТИ
Чантите со средна големина се избор на жените кои сакаат чувство на сигурност. Тие секогаш се добро информирани пред да одлучат нешто. Ако нејзината чанта е сепак модерна и избрана со многу стил, тогаш личноста која ја носи е самоуверена, отворена за нови искуства и познанства.
ГОЛЕМИ ЧАНТИ
Големите чанти обично им припаѓаат на жени кои имаат различни интереси и кои сакаат да учат нови работи. Чантите за рамо се заштитен знак на жените кои се исклучително добро организирани. Вакви чанти претпочитаат одговорни жени кои сакаат да бидат на водечки позиции.
Извор: stil.kurir.rs