„Изгледа како да му е мајка!“: Ова е сестрата на Џорџ Клуни - заедно пораснале, а денес го нема неговиот телефонски број
Џорџ Клуни е еден од најпознатите актери на нашето време со
милиони фанови ширум светот, но не секој сака да биде во центарот на вниманието
кое го следи со децении. Да речеме неговата сестра.
Џорџ Клуни (63) има постара сестра Аделија Ада Сејдлер (64), која за разлика од нејзиниот славен брат претпочита мирен живот. Таа не би ја заменила својата приватност за ништо на светот и ретко ја гледаме во јавност.
Но, тоа не значи дека брат и сестра не се блиски, напротив.
Ада е родена само една година пред Џорџ, во бракот на новинарот Ник Клуни и писателката Нина Брус Ворен, а наводно останала во нејзиниот роден град Аугуста, град во Кентаки. По дипломирањето на колеџот во Луисвил, извесно време работела како книговодител.
Клуни секогаш со насмевка зборува за своето детство.
„Среќен сум што пораснав во мал град“, изјави славниот актер во една прилика за The Tennessean.
Мајката на Клуни еднаш се согласи да се присети на деновите во Аугуста.
„Се вратив дома од работа еден ден за да ги најдам Џорџ, Ада и неколку нивни пријатели како имаат забава во нашата куќа“, изјави Нина за HGTV во 2006 година.
„Тие лижеа мачмалоу и си ги фрлаа еден на друг. Целата наша куќа беше покриена со лепливи бонбони“.
Ада стана вдовица откако нејзиниот сопруг Норман Кејдлер почина од ненадеен срцев удар во октомври 2004 година.
Тие се венчаа во Аугуста на 14 март 1987 година, а на церемонијата присуствуваше целото семејство, предводено од Џорџ кој го читаше Светото писмо.
Ада и Норман имаа две деца, синот Николас и ќерката Алисон, на кои славниот вујко е многу горд.
„Мојот внук штотуку е прогласен за матурски крал. Во истото средно училиште во кое учев, а титулата ми одмина“, се пошегува Клуни за CBS во 2015 година.
Во 2014 година Адеила му ја врати честа на својот брат, а ја видовме на тридневната свадбена церемонија на Џорџ и Амал во Италија.
Таа беше фотографирана во сребрен фустан со светки додека со водено такси со родителите и братот ја превезуваа до луксузниот Гранд Канал, каде се одржуваше прославата.
„Таа изгледа како да му е мајка“, коментираат на социјалните мрежи.
Пред да започне врска со Амал, се шпекулираше за сексуалноста на Клуни, и покрај неговите претходни врски со жени, па Ада во 2012 година даде ретко интервју во кое донекаде негираше дека нејзиниот брат е геј.
„Да, тоа е прилично смешно, ние веќе не обрнуваме внимание на такви приказни“, изјави таа за New York Daily News.
Во истата прилика Ада откри дека во некои моменти и самата размислувала да тргне по стапките на својот брат.
„Точно е, има дел од мене што би сакал да стане позната актерка или нешто слично. Уживам во глумата, згора на тоа, бев многу добра во тоа, но немав доволно „дебела кожа“ за се‘ што повлекува оваа професија“.
Тогаш Ада ја шокираше јавноста со тоа што призна дека го нема телефонскиот број на Џорџ, но дека повеќе сака да одржува контакт преку мејл.
„Немам негов број, едноставно е – замислете ако го изгубам телефонот. Тој може да ми се јави, повремено, но е-поштата е позгодна за двајцата“.
Фото: Youtube - screenshoot/ Instagram/ Instagram - Video - screenshoot