„Изгледа како сега да излегла од бањата завиткана во крпа“: Ријана на ревијата се појави во проѕирна наметка, Ана Винтур не се ни сврте

Добивај вести на Viber

Пејачката Ријана присуствуваше на отворањето на Модната недела во Њујорк и привлече големо внимание на ревијата на Алаја.

Нејзиното појавување на модната ревија предизвика возбуда и видеото од нејзиното влегување брзо стана вирално на социјалните мрежи.

На настанот, пејачката носеше бела, светкава мрежеста ткаенина со корсет одоздола. Необичната облека ја држела со рака, со помош на асистент. Оваа креација ги истакна нејзините бујни гради и долги нозе, а додека многу гости на шоуто беа воодушевени од нејзиниот изглед, на социјалните мрежи се појавија иронични коментари како: „Јас кога ќе излезам од туш да се јавам на телефон“, „Вака изгледам кога доцнам на училиште“, и „Изгледа како штотуку да излегла од бањата со крпа на себе“.


Покрај коментарите за нејзината облека, забележано е и дека Ријана на модната ревија ја игнорирала манекенката Наоми Кембел. Гласините за нивната лоша врска постојат со години, а последниот инцидент дополнително ги подгреа тие шпекулации. На социјалните мрежи се појавија видеа на кои Ријана ги поздравува луѓето околу себе и ја гушка личноста што седи до Наоми, но таа не се поздрави со манекенката.

Првите гласини за конфликтот меѓу пејачката и манекенката се појавија во 2017 година, кога Наоми престана да ја следи Ријана на Инстаграм.

Потоа Наоми изјавила:

– Се‘ е во ред. Се разбира, тоа е во ред - негирајќи каков било конфликт меѓу нив.

Дали ви се допаѓа нејзиниот изглед?

Фото: Youtube - screenshoot

Видео: Инстаграм