Изгледаат како дете да ги цртало: Девојка платила 2000 денари за маникир, кога ги видела ноктите се запрепастила (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Елири Краун отишла во салон за убавина на маникир со фотографија од ноктите кои би сакала да ги има. На козметичарката и ја покажала сликата што ја нашла на интернет со надеж дека ќе има ако не исти нокти, барем слични, но не го очекувала тоа што го добила.

Дизајнот што таа го сакала подразбирал нокти во форма на бадем со речиси проѕирна основа и темно сини линии околу рабовите. Но, кога го видела резултатот од маникирот, останала шокирана. На видеото кое го објави на TikTok, а кое е прегледано повеќе од 2,6 милиони пати, може да се види дека ноктите не биле обликувани како што таа сакала. Линиите се нерамни, а сината боја на рабовите изгледа несмасно нанесена.

@ellerycrouton respectfully crying myself to sleep tonight #fyp #nails #inspo original sound - Kneely_Knight


Изгледаат како 12-годишно девојче да ти ги нацртало со боички“, напиша една тиктокерка.

„Кажи ми дека не си платила за ова“, додала друга, на што Елира одговорила дека и наплатиле 47 долари нешто повеќе од 2000 денари .