Изгради капела само за нивното венчавање: Гвен Стефани тајно се омажи за кантри музичарот Блејк Шелтон
Американската пејачка пред една година му рече „да“ на шест години помладиот избраник, популарниот пејач Блејк Шелтон.
Сега пејачката Гвен Стефани се омажи за својот долгогодишен партнер и познат кантри музичар, пренесуваат американските медиуми.
Поп-sвездата рече официјално „да“ на интимна церемонија во Шелтон Ранч во Оклахома, каде пејачот изгради мала капела само за венчавката со убавата Гвен.
Пејачката беше фотографирана во Санта Моника пред неколку дена во друштво на нејзиното момче со бурма на прстот, што предизвика шпекулации дека се венчале, а сега извори блиски до парот ја потврдија среќната вест.
Гвен и Блејк се запознаа во 2014 година во The Voice, во се членови на жирито, а во исто време се разведоа од тогашните сопружници. Наскоро нивното пријателство прерасна во љубовна врска, па тие се верија минатата година.
Гвен има три деца од минтиот брак, кои одлично го прифатија Блејк.извор:glossy