„ИЗВАДЕТЕ НЕ ОДОВДЕ“: Како сестрата и братот преживеаа заробени под урнатините
Петгодишната Џинан и нејзиното братче Абдула чија фотографија се прошири масовно по социјалните мрежи, по земјотресот кој разурна голем број домови во Турција и Сирија, сега е во болница со сериозна повреда на ногата, а нејзиниот брат има само гребнатини, но другите членови на нивното семејство починале.
Фотографијата на која малата Џинан се обидува да го заштити своето братче додека лежат потиснати под урнатините на нивниот дом масовно беше споделувана по земјотресот, а приказната зад оваа фотографија, како и мачниот процесот на спасување го пренесува „Гардијан“.
Омар Рахал слушнал глас што доаѓал од урнатините, толку слаб што се борел да разбере дали можеби е само во неговата глава. Претходната ноќ, два земјотреси со јачина од 7,8 и 7,6 степени го израмнија неговото село Харем во провинцијата Идлиб во Сирија, контролирана од бунтовниците, срамнувајќи со земја десетици згради, вклучително и станбениот блок во кој живеел неговиот братучед Махмуд со неговата сопруга и нивните седум деца.
Неколку часа подоцна, Рахал, началникот на локалната полиција, влетал во урнатините на куќата со надеж дека ќе ги најде живи Махмуд и неговото семејство. Цело утро не слушал знаци на живот, но во 12.30 часот неговите уши забележале зборови изговорени од она што звучеше како мало девојче:
„Извади ме одовде“Неколку метри под врвот на купот отпад, заглавена меѓу бетон, лежеше петгодишната ќерка на Махмуд Џинан, заедно со нејзиниот деветмесечен брат Абдула, кого го тешеше под урнатините. До нив, закопано покрај остатоците од нејзината куќа, беше телото на нивната мајка Суаад. Рахал можеше да ја види само нејзината рака, со која изгледаше како да се обидува да ги прегрне своите деца за да ги заштити.