Извонредни резултати со 1000 трансплантации на црн дроб во „Аџибадем“ Турција

Извонредни резултати со 1000 трансплантации на црн дроб во „Аџибадем“ Турција

Трансплантацијата на црн дроб е една од најкомплицираните интервенции во хирургијата. Центарот за трансплантација на црн дроб „Аџибадем се издвојува во оваа област со стапки на успешност над светските просеци. Во периодот 2012-2020 година во „Аџибадем“ се изведени над 1000 трансплантации на црн дроб, со стапка на преживување од 92% по првата година и 89% петтата година. Овие податоци опфаќаат сложени случаи, комбинирани операции за трансплантација и трансплантации на црн дроб кај деца, вклучително и деца на возраст под една година. Со искусните медицински тимови и врвна технологија, „Аџибадем“ е референтен центар за трансплантации на црн дроб кај возрасни и педијатриски пациенти од други центри низ Турција и многу странски земји.

Трансплантација на црн дроб: нов живот

Црниот дроб е витален орган. Тој е одговорен за повеќе од 500 телесни функции, и има клучна улога во метаболизмот и детоксикацијата, функцијата на имунолошкиот систем, коагулацијата. Преживување без црн дроб е невозможно. За пациенти со тешка дисфункција на црниот дроб, трансплантацијата е најдоброто и често пати спасоносно решение. Во центрите за трансплантација на црн дроб „Аџибадем“, лоцирани во Универзитетската болница „Аџибадем Атакент“ и болницата „Аџибадем Бурса“, трансплантацијата на црн дроб се изведува со  ортотопски метод на трансплантација на црн дроб, што е „златен стандард“ ширум светот. Меѓутоа, успешните исходи од трансплантацијата зависат подеднакво од самата операција и од постоперативниот третман на болеста. За трансплантација на црн дроб е потребна врвна експертиза и компетентна медицинска нега во текот на целиот процес, од предоперативна проценка до интензивна нега и постоперативно следење. Во „Аџибадем“ кај сите пациенти се користи мултидисциплинарен пристап. Тимовите за трансплантација на црн дроб се состојат од специјалисти за хирургија, гастроентерологија, радиологија, интензивна нега, сите мошне вешти за сложени и напредни процедури.

Трансплантацијата на црн дроб од жив донатор во борба со листите на чекање

Во целиот свет постои огромен јаз помеѓу бројот на пациенти кои чекаат трансплантација на црн дроб и бројот на достапни органи од починати донатори. Во исто време, црниот дроб е единствениот орган во човечкото тело кој може да се регенерира и да продолжи да функционира дури и ако се отстрани 70% од неговиот волумен. Тоа овозможува да се изведува трансплантација на црн дроб од живи донатори. По дарувањето на дел од црниот дроб, преостанатиот дел се регенерира и ја обновува својата функција во рок од 3 месеци, без никакви загуби или сериозни компликации. Трансплантацијата од жив донатор може да биде шанса за живот за пациентите кај кои црниот дроб не функционира,  а не можат да си дозволат листи на чекање за трансплантација од починати донатори. Покрај тоа, стапките на успешност се повисоки кај жив донатор заради подобро планирање и избор на органи.

Сепак, трансплантацијата на црн дроб од жив донатор е предизвикувачка операција. Таа вклучува двајца пациенти - донаторот и примателот, за кои е потребна нега, а ризиците поврзани со хируршката интервенција, исто така, двојно се зголемуваат. Центарот за трансплантација на црн дроб „Аџибадем“ е меѓу светските лидери во оваа област. Речиси 80% од сите трансплантации на црн дроб во „Аџибадем“ се изведуваат од живи донатори, а примателите се на возраст меѓу 4 месеци и 71 година.

Донација на црн дроб во двојка: кога донаторот и примателот не се совпаѓаат

„Двојно“ донирање, познато и како вкрстена трансплантација, е уште една напредна опција за оние кои имаат близок роднина подготвен да донира, но нивните крвни групи не се компатибилни. Трансплантациите со некомпатибилни крвни групи се и скапи и се поврзани со повисоки ризици од компликации во постоперативниот тек. Алтернативата е размена на црн дроб во двојки: тоа подразбира пронаоѓање на друга двојка донатор-примател кои, исто така, не се компатибилни еден со друг, но постои компатибилност по размената на донатори. Вкрстените трансплантации првично беа наменети за трансплантација на бубрези, но во последно време се применуваат и кај пациенти за трансплантација на црн дроб. Донацијата во двојки може да вклучи неколку двојки. Овој вид напредна операција се смета за сложена операција и се изведува само во неколку центри низ светот.

Трансплантации на црн дроб кај деца се вршат рутински

Ако на детето му е потребна трансплантација на црн дроб, постапката треба да се изведува само во искусни медицински институции. Кога се изведува трансплантација, големината на црниот дроб треба да се намали за да се усогласи со малото тело, бидејќи донаторите вообичаено се возрасни. Тоа значи дека медицинскиот тим треба да ги заштити и анатомските и физиолошките карактеристики. Затоа, трансплантацијата кај педијатриски пациенти бара посебно ниво на искуство.

Во Центарот за трансплантација на црн дроб „Аџибадем“, трансплантациите кај педијатриски пациенти се изведуваат рутински. Некои од нив се сложени случаи кои биле отфрлени како „непогодни за трансплантација на црн дроб“ од други центри. Успешно се спроведуваат и комбинирани трансплантации на црн дроб и бубрег, особено кај деца со метаболички заболувања. Некои од пациентите се под 8 килограми, а најмладиот имал само 4,7 килограми. Таква операција не би била возможна без Одделението за неонатална и педијатриска интензивна нега, каде што малите пациенти се следат во посебна средина по операциите.

Зошто Центарот за трансплантација на црн дроб „Аџибадем“?

Некои од најискусните и најквалификуваните експерти за трансплантација на црн дроб во Турција и во странство работат во „Аџибадем“. Нивниот тимски дух и мултидисциплинарен пристап, поддржани од најновата технологија достапна ширум светот, се главните двигатели за успешните резултати со кои „Аџибадем“ може да се гордее: 1000 трансплантации на црн дроб за 9 години, со преживување на графтот и стапки на преживување на пациентите над светските просеци.

https://www.acibadem.mk

macedonia@acibadem.com


ПР објава