Ја чуваше за самиот крај: Жива барбика во фустан инспириран од 63 години старо издание на познатата кукла (ФОТО)
Иако сите очекуваа да ја видат во розов фустан, Маргот Роби за најважниот моден момент во кариерата избра тоалета која е добро позната - иако ниту една жена досега не ја носела
Во Лос Анџелес се одржа премиерата на долгоочекуваниот филм на Грета Гервиг „Барби“ во кој во главната улога ќе ја видиме австралиската актерка Маргот Роби.
Од почетокот на работата на овој филм, познатата актерка најчесто избира комбинации инспирирани од славната кукла, а најмногу ја гледаме во розови комбинации. Досега Марго сме ја виделе во бројни стајлинзи кои изгледаат како зголемени верзии на облеката на Барби.
Затоа светот на модата нетрпеливо чекаше да види што подготвиле Маргот Роби и нејзините стилисти за светската премиера на „Барби“, а таа не изненади – но не не разочара!
Актерката на премиерата пристигна во црна тоалета дизајнирана од „Schiaparelli Haute Couture“ и е исклучителен пример за висока мода. Марго се појави во фустан со миди должина припиен за телото, кој завршува со драматични детали од тул.
Има и суптилна црвена роза, ситни светки кои ја покриваат тоалетата, елегантни црни ракавици преку лактите и црни влечки од брендот „Manolo Blahnik“.
Инспирација за ова модно издание беше Барбиката од едицијата „СSolo in the Spotlight“ од 1960-та година, а Маргот сето тоа го заокружи со дијамантски чокер направен од неколку реда ланчиња и гламурозна фризура која потсетува на златното доба на Холивуд.
Извор: glossy.espreso.co.rs