Ја доби титулата за најзгодна жена во светот: Никол во бомбастично авангардно издание во кое ги истакна атрибутите
Пејачката Никол Шерцингер беше една од најголемите sвезди на
добротворниот бал „amfAR“ на Филмскиот фестивал во
Венеција. Oваа дама се погрижи да го привлече вниманието на сите со
бомбастично издание во кое ги истакна своите најголеми атрибути.
Никол се појави на црвениот тепих во создавањето на луксузниот бренд Тони Вард, кој и прилегаше неверојатно добро, покажувајќи го своето извајано тело во полн сјај.
Во оваа заводлива, провокативна креација на комбинација од проѕирен тул, црн сатен и златни светкави детали, и длабок шлиц, славната Американка го нагласи бомбастичното деколте.
Шерцингер го збогати целиот стајлинг со прекрасен накит, но и со сандали во златна боја со вртоглаво високи потпетици, а својата долга, бујна коса ја завитка во кадрици.
Кој би помислил дека оваа дама веќе има 43 години? Не е ни чудо што таа ја носи титулата една од најзгодните жени во светот!
Инаку, на црвениот тепих беше придружувана од 7 години помладиот партнер - поранешен рагбист Том Еванс, а парот е практично неразделен од првиот ден од врската.
Да потсетиме, тие се заедно од крајот на 2019 година, а Никол немаше многу среќа во љубовта пред него - имаше бурни односи со возачот на Формула 1, Луис Хамилтон и бугарскиот тенисер Димитров.
Фото: Profimedia
(ВИДЕО) Совршената оаза на Никол Шерцингер: Како изгледа нејзиниот дом кој сама го дизајнираше