Ја испочитуваа традицијата: Познатите станаа пред изгрејсонце и вапсаа јајца

Денес е Велики четврток. 

Според традициите и обичаите на Велики четврток домаќинката во семејството станува пред изгрејсонце и вапсува три јајца во црвена боја. Едното, односно првото според преданијата е за Бог и се вика Господово јајце или Чуваркуќа јајце, второто на домаќинот - главата на семејството, а третото на стоката и бериќетот.

Утрово дел од македонските ѕвезди беа вредни и ја запазија традицијата. Станале пред зори и бојадисале три јајца во црвена боја, а некои и повеќе јајца во неколку бои.  

Погледнете како изгледаат Велигденските јајца на познатите, а меѓу нив се водителките Лила Филиповска, Маријана Станојковска, Вера Мештеровиќ, Слободанка Илиевска, Снеже Велков, Милена Антовска, пејачките Калиопи, Елена Петреска, Сузана Гавазова и актерката Драгана Левенска.


Денес е строг пост.


Фото: Инстаграм - стори

Обичаи за Велики четврток: Каснете залак леб и закопајте го јајцето за среќа