ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО РАКОТ: ПОЧИНА ПОЛ АЛЕН

На 65-годишна возраст вчера почина Пол Ален, коосновачот на „Мајкрософт“. Ален заедно со Бил Гејтс го основаа американскиот мултинационален гигант во 1975 година. Негова идеја било и името на компанијата.

- Срцето ми е скршено од заминувањето на еден од моите најстари и најдраги пријатели - им изјави Гејтс на медиумите.

Пол Ален беше и сопственик на американските кошаркарски клубови Портланд и Сиетл. Почина од рак, соопшти неговото семејство.