Ја изневери мојата доверба: Снаата го остави бебето со свекрвата и доживеа невиден стрес

Откако свекрвата ја изневерила нејзината доверба, жената решила да ѝ забрани да ги гледа внуците насамо

Познато е дека врската помеѓу свекрвата и снаата е проблематична, а една мајка на тримесечна ќерка откри дека ѝзабранила на свекрвата да го гледа бебето.

Имено, како што вели, кога станала мајка, семејството на нејзиниот сопруг ја покренало темата за прободување на ушите на бебето бидејќи тоа се прави кај нив во првите месеци по раѓањето на женското дете.

Таа идеја не ѝ се допадна, бидејќи сакаше нејзината ќерка сама да донесе таква одлука кога ќе порасне.

Откако ѝ го кажа своето мислеље на свекрвата, таа продолжи да ја „малтретира“ со темата.

„Мојот сопруг се согласи со мене“, им се пожали на корисниците на „Reddit“ , откако го раскажа својот случај.

Оправдана реакција?

Иако мислеше дека дискусијата е завршена, неодамна следуваше непријатно изненадување. Бидејќи имаше некои деловни обврски, го остави бебето кај свекрвата.

И тогаш настана вистинска драма.

- Останав малку подолго од вообичаеното, а кога се вратив, ќерка ми имаше прободени уши. Ми рече го сторила тоа, бидејќи е семејна традиција. Бев надвор од себеси од бес. Таа ја предаде мојата доверба, го зедов детето и ѝ реков веднаш да замине. И мојот сопруг беше лут поради што се скараа- додаде повредената мајка.

После тоа, ѝ забранила на свекрвата да ги гледа децата без надзор, а нејзината одлука ја поддржал нејзиниот сопруг. Од друга страна, другите членови на семејството не се согласиле.

Повеќето корисници на „Reddit“ застанаа на страната на мајката. Ова се се само некои од коментарите: 

„Децата се ваши, не се нејзини. Ако таа не може да ги почитува одлуките што ги донесувате вие ​​и вашиот сопруг, тогаш таа не е способна да ги чува “

„Ова не е правилно. Сепак, таа ги прободе ушите на детето, не му ги излакира ноктите, што подоцна може да се отстрани без никакви проблеми "

„Свекрвата го стори тоа зад грб кога јасно ѝ кажавте дека не сакате....страшно“


*Никогаш нема да ѝ простам: Мајка бесна на постапката на свекрвата