Никогаш нема да ѝ простам: Мајка бесна на постапката на свекрвата

Добивај вести на Viber

Една мајка била непријатно изненадена, но и лута откако го оставила своето мало девојче на чување на свекрвата, односно маќеата на нејзиниот сопруг.

Многу родители се воодушевени од витканата коса на главата на нивните бебиња, а една мајка одлучила русата коса на своето бебе да расте што е можно подолга. Само поради тие прекрасни кадрици.

Сепак, нејзината свекрва ја замолила да ѝ ја скрати косата на девојчето бидејќи, како што тврдела таа, косата на бебето тогаш ќе растела побрзо. Еден ден, мајката на девојчето ја замолила свекрвата да дојде кај нив за да ја чува внуката неколку часа. „Мојата драга маќеа се грижеше за моето девојче вчера, а кога дојдов дома, ќерка ми имаше капа на главата. Ја прашав од каде и е капата и зошто и е на главата, таа рече дека тоа е нејзиниот подарок. Но изненадувачки, свекрвата замина дома побрзо од вообичаеното“, напишала лутата мајка на форумот „Mumsnet“.

Кога го тргнала капачето на девојчето, се шокирала, видела дека и се исечени кадрици. Бесна, се упатила до домот на својата свекрва, која веднаш, штом ја видела, започнала да се извинува, велејќи дека знаела дека лошо постапила. Кога снаата ја прашала дали барем спасила кадрици за спомен, свекрвата одговорила дека зела само една, но дека тој прамен бил само за неа и не можела да и го даде нејзе. „Ова додаде гориво на огнот и и реков да не се појавува пред моите очи некое време“.

Останатите мајки кои го користат форумот се согласиле со лутата мајка и заклучиле дека е  неприфатливо она што го направила бабата на девојчето.


Можеби ќе ве интересира:

Не им е биолошка внука: Свекорот и свекрвата не го сакаат моето дете