Не им е биолошка внука: Свекорот и свекрвата не го сакаат моето дете

Една мајка на социјалните мрежи откри дека била принудена да ги исклучи родителите на нејзиниот партнер од животот на нејзиното семејство, откако тие го опсипувале со подароци на едното внуче, биолошкото, а другото целосно го игнорирале.

Ариел, мајка на две деца, објасни како таа и нејзиниот партнер Скот имаат две деца, едно заедничко и едно од претходната врска.

Таа додаде дека родителите на нејзиниот партнер го фаворизираат нивниот биолошки внук, честопати купувајќи му еден куп подароци.

- За Ева, мојата постара ќерка, кога и беше роденден, и подарија облека во најлонска кеса. Беше слатко. Тие потрошија можеби 10 долари. А подарокот и го дадоа неколку недели по нејзиниот роденден. Тие дури и не гледаа кога таа го отвораше подарокот. Меѓутоа, кога беше роденден на нивниот биолошки внук, тие направија сè. Дури возеа еден час до нашата куќа. Потрошија неколку стотици долари на тоа. Пееја среќен роденден со него - рече Ариел.

Нејзиниот сопруг на крајот решил да разговара со неговите родители поради очигледен фаворизизам, но разговорот не поминал како што треба.

- Не им се допаѓаше тоа и постојано негираа. Сепак, Скот продолжи да тврди дека тие фаворизираат само едно дете, и ако продолжат да го прават тоа, тоа ќе влијае на нивната врска. Очигледно зачудени од односот на нивниот син, тие подоцна ми испратија порака во која тврдат дека сум му го „измила мозокот“, што резултираше во голема кавга - изјави Ариел.

Откако Ариел ја објасни ситуацијата на една од социјалните мрежи преку видео, видеото доби илјадници коментари од луѓе кои и рекоа дека направиле правилно, пишува Мирор.


Можеби ќе ве интересира:

Одлучив повеќе да не го носам детето кај свекорот и свекрвата: Капката ја прелеа чашата