Ја изневеруваше трудна, јавно ја понижи, со друга доби дете, таа му прости сѐ и сега чекаат второ заедничко дете: „Нема поголема будала од вљубена будала“
Клои Кардашијан (38) и Тристан Томпсон (31) го очекуваат своето второ заедничко дете преку сурогат мајка.
Клои Кардашијан (38) решила на својата ќерка Тру (4) да ѝ подари брат или сестра. И ништо не ја спречи во таа намера, дури ни јавната измама и понижување од нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон, па повторно реши тој да биде татко на нејзиното второ дете.
Имено, Тристан и Клои го очекуваат своето второ дете преку сурогат мајка. Изгледа дека Кардашијан одлучила да има деца со истиот маж и во тоа не ја попечува ни неговата прељуба.
"Сакаме да потврдиме дека Тру ќе има брат или сестра, зачнат/а во ноември. Клои е многу благодарна на својата сурогат мајка за тој благослов. Би сакале да побараме приватност за да може Клои да се фокусира на своето семејство", соопшти нејзиниот ПР тим. Сепак, тоа не значи дека Клои и Тристан се повторно заедно, изјави извор за Е! канал. Всушност, шест месеци по скандалот со татковството на Тристан кога тој ја изневери на нејзиниот роденден и направи дете со друга, „тие не зборуваа за друго освен заедничкото родителство. Бебето беше зачнато преку сурогат пред Клои да дознае дека Тристан има дете со друга жена (што се случи во декември).
Откако ја роди Тру во 2018 година, Клои отсекогаш зборуваше за тоа како сака на својата ќерка да ѝ подари брат или сестра. На Keeping Up With The Kardashians, Клои рече дека веројатно ќе „позајми сперма“ од Тристан.
Обожавателите се шокирани од оваа вест, а коментарите воглавно се негативни и шокирачки:
"Дали е важно кога бебето е зачнато? Цело време ја изневеруваше и таа го знаеше тоа! Тој нема почит кон неа - таа нема почит кон себе. Од оваа гледна точка - таа заслужи јавно понижување!"
„Наскоро пак ќе плаче по него!
"Таа знае дека тој ќе продолжи да ја изневерува и таа повторно останува покрај него. Значи, му дозволува сѐ!"
„Нема поголема будала од вљубена будала!“
Имено, таа и пред Тристан беше во токсичен брак со кошаркарот Ламар Одом. Додека се дрогирал и посетувал стриптиз клубови, Клои трпела сѐ и глумела среќа пред камерите, надевајќи се дека нејзината љубов ќе ги спаси.
Меѓутоа, со текот на годините, таа врска доби депресивна нота и парот се разведе. Години по разводот, кога Ламар заврши во кома предизвикана од дрога, Клои сè уште беше покрај него додека целосно не закрепне.
После тоа, гледачите и обожавателите на Клои Кардашијан се надеваа дека таа сепак ќе најде среќа во љубовта, но тоа не се случи ни со Тристан.
извор:stil.kurir