Ја критикуваат бидејќи облече фармерки на свадбата на пријателка: Дали Нина Бадриќ покажа непочит со комбинацијата за ваква церемонија? (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Нина Бадриќ многу често привлекува внимание со својот моден избор, но овој пат на нејзините обожаватели не им се допадна она што го облече за свадба.

Нина на Инстаграм објави фотографии од свадбата на својата пријателка во Загреб.

"Каков прекрасен ден. Ја венчавме мојата најмила и најубава девојка. Среќно Паула и Лука", напиша пејачката во описот на објавата.

Имено, пејачката за оваа церемонија избрала да облече фармерки, црна маичка и црна јакна, заедно со голема црна чанта и зелени чевли.

Сепак, на следбениците не им се допадна нејзиниот избор и многумина мислат дека таа не ја испочитувала церемонијата и дека се облекла премногу лежерно.

View this post on Instagram

A post shared by (@badrich)


„Од толку многу гардероба, таа се облекла како да оди во кафуле во некој евтин селски бар. Навистина се прашувам дали сите вие ​​што ја поддржувате ќе дојдете вака кај вашите пријатели на таков посебен ден", „ Покажа непочит во фармерки на свадба“, се дел од коментарите.

Што мислите вие? Неодамна и Јелена Ѓоковиќ беше „нападната“ поради изборот на облека за свадбата на Ѓорѓе Ѓоковиќ -  Бог да чува, се облекла како да оди да плати сметки во пошта