Бог да чува, се облекла како да оди да плати сметки во пошта
фото: printscreen youtube /Šta sam tebi i ko sam sebi | Jelena Djokovic
Повторно Јелена Ѓоковиќ им е трн во очи на жените. Всушност им стави трн во очи со нејзините беж сандали, бела кошула и беж панталони кои ги носеше за свадбата на најмладиот брат на Новак, нејзиниот девер.
Значи Бог да чува, вака јас одам до продавница.
Вака одам до пошта за да платам сметки или до Суд.
Баш утрово отидов вака на работа, само што сум повисока па подобро ми стои.
Се облекла како да оди на свадба во Месна заедница.
А каде ѝ се здолништето и шалот за црква? Се облекла како за кафана после црквата.
Во саботата отидов на кафе вака облечена.
И според мене, топ коментар:
„Можеше да ја избере свечена тоалета каква што ќе посака.“
Па, можеше, секако дека можеше и токму затоа што може да избира, избра што сака да облече. Како можеби што и ти ќе облечеше фустан со светки со шлиц до меѓуножјето, за да можеш да се види малку од гениталиите за да може да погодуваат кој носи гаќички или не.
Цицки како темпирани бомби подигнати со сунѓери до подбрадокот, сандали како потпорници на кои се за*бававме како деца, надградена коса, залепени трепки наместо лепеза и секако еден тон шминка...
И пак океј, сестро, ако се лигавиш, скрши ги нозете, паѓај, па стани, прицврсти го репот, залепи ги трепките во тоалетот, намести го фустанот да не ти се гледаат гениталиите, подигни ги сунѓерите, внимавај на цицките.
И обавезно носи шал затоа што така се почитува црквата...
Твој избор.
Јелена можеше да облече и едноставен фустан, но тогаш ќе пишуваа дека на пример нема доволно шминка.
Можеше да се шминка, тогаш косата ќе ѝ беше лоша, како на тинејџерка за на училиште.
Можеше да има деколте, тогаш би била „брука и срам“.
Можеше да облече скапа свечена тоалета, тогаш бојата немаше да одговара.
Таа е трн во очи и тука ја завршувам оваа приказна.
Она што повеќе ме загрижи е тоа што овие бројни коментари ја отсликуваат се почестата навика девојките да се дотеруваат за утринско кафе како да одат на матурска забава, девојките со гол стомак, во тесни панталони кои го истакнуваат нивниот подигнат задник, ги лепат трепките на улица за секој ден, си ги тетовираат веѓите од 15 години, имаат убави вештачки нокти, половина од средношколките едвај држат молив, ја градат својата самодоверба со мерење на своите гради, одат во солариум, ја горат младата кожа, ги гледаар нивните мајки, а да не зборуваме за „изгледот на старлета“ кој зема замав, па вадењето на ребрата наскоро ќе стане рутинска процедура како кога одите да направите пломба на забар.
Мислам дека не претерувам, ова е еден силен диктат како треба да изгледа една девојка денес. Во исто време, никаде не гледам жена како Јелена, природна, негувана, уредни нокти, витко тело, скромна и убава.
Може да биде иритантна, но тоа нема врска со она за што пишувам и стиловите што им се наметнуваат на девојките кои и онака се доволно несигурни затоа што растат во онлајн свет каде што сè е фотошопирано.
Би сакала наместо секоја навреда за тоа како требало да се облече, да се каже „ова е во ред“. Само да знам како стојат работите. Да знам како да се облечам за претстојната свадба, бидејќи од утре одам во пошта во бела кошула и беж панталони. Да не се зборува после дека не го почитував дрес кодот за свадба.
Од кодексот ми се гади. Од она „така носи редот“.
Од „Не ми се допаѓа“, а никој не те праша.
Затоа што навистина: Кој што те праша?
Превземено од: luftika.rs/Jovana Kešanski