Ја покажа новата девојка по разводот од убавата Дајана: Жика Јакишиќ од „Никогаш не е доцна“ е во љубов со оваа убавица (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Иако криеше од јавноста како изгледа неговата девојка, Жика не крие дека е среќен и заљубен.

Сепак, се чини дека Жика Јакшиќ, познатиот српски продуцент и водител, сега одлучил да ја покаже својата нова девојка во јавноста за прв пат по разводот од сопругата Дајана.


Имено, на една прослава на која се појавија голем број познати личности од јавната сцена на Србија, Жика дојде во друштво на убава млада бринета.

Судејќи по нивните изрази на лицето, изгледа дека се заљубени и задоволни.

Инаку го гледаме Жика во емисијата „Никогаш не е доцна“, а често се смееме на неговото барање сродни души за време на емисијата. Меѓутоа, кога е во прашање неговиот љубовен живот, многу малку се знае.

- Секогаш сум заљубен, секогаш имам љубов. Го сакам животот, луѓето, затоа секогаш имам љубов. Имам партнерка. Имам одличен однос со бившата сопруга, разговаравме пред 2 часа. Имаме контакт поради синот и секогаш сум тука за се што им треба – изјави тој во една прилика за медиумите.

извор:GLOSSY

Беше во долгови, заврши во затвор: Животната приказна на водителот од „Никад није касно“


Постариот син на Жика Јакшиќ, водителот на шоуто „Никогаш не е доцна“ е опасен фраер: Ова е Андрија (ФОТО)