Ја третираше како слугинка: Шокантни детали од врската на Вилијам и Кејт

Принцот Вилијам ја третирал Кејт Мидлтон како слугинка додека биле во врска, тврди Ендрју Мортон во книгата William and Catherine. Делото наводно е базирано на изјави на блиски пријатели на Војвотката од Кембриџ кои искрено се радувале кога Кејт и Вилијам се разидоа на кратко во 2007 година. 

Двојката е осум години во брак и има три деца, но нивниот однос не бил отсекогаш идиличен.

- Вилијам не беше добар и грижлив партнер. Беше тврдоглав. Секогаш сакаше сѐ да биде како што тој замислил, а мислењето на Кејт воопшто не го земаше в предвид. Повеќе ја третираше како слугинка отколку како девојка. Не се расправаа, туку едноставно ја игнорираше. Како да не беше присутна во разговорите. Нивниот однос имаше големи подеми и падови и неколкупати се разделуваа пред да се земат - тврди пријателот на Кејт.