Јадранска магија во Охрид: Владо Георгиев ги збудале жените

Добивај вести на Viber

Боемски балади кои премиерно ги слушна охридската публика, испеа црногорскиот кантавтор Владо Георгиев, на концертот во Античкиот театар во Охрид. Големо браво за проектот „Боемски“ на Георгиев. На репертоарот се латино класици кои ги отсвире на хармоника, романтични балади на клавир, и неговите познати хитови во акустична верзија. 

Боем како Владо најдобро звучи во токму ваква, боемска верзија. Опуштен и расположен, тој и се обрати на публиката на одличен македонски: „Добровечер Македонијо. Како сте, шо прајте? Да видиме како ќе свириме по охридската пастрмка", рече црногорскиот шармер. 

Освен со новите балади со кои ни го донесе мирисот на неговиот Јадран, тој ја разнежи публиката и со богатите, нови аранжмани на „Анѓеле“, „Ми нисмо ми“ и омилената на жените од целиот регион, „Збогом љубави“. 

По Хераклеа во Битола и Антички во Охрид, овој концерт заслужува да го слушнат и Скопје и другите градови. Го организираше „Прагма продукција“. 

М.Џаровска 

Фото: Г.Десковски