Јавно се оперираше и стана мајка во 6-тата деценија: Им ги кршеше срцата на светските заводници, а поради ова бесрамно ја навредуваа
Актерката која се породи на 55 години и стана мајка по петти пат, на медиумите им стана интересна поради бројните афери со холивудските заводници
Данската актерка Брижит Нилсен (58), која моментално има свое шоу на германската телевизија, им ги кршеше срцата на холивудските заводници и важеше за една од најубавите жени на светот. Кариерата ја започна како модел, но го привлече вниманието на режисерите, а се прослави со улогите во филмовите „Кобра“, „Роки“ и „Полицаец од Беверли Хилс II“, „Црвена Соња“.
Во 80-тите беше симбол на убавината - висока, витка, со облини, со тесен струк, многумина ѝ предвидуваа блескава кариера, но во последно време режисерите изгледа ја заборавија.
Поради ова, таа заврши како учесник во многу реални шоуа - се појави во британскиот „Голем брат“, а учествуваше и во едно германско реално шоу каде пред камери направи шест пластични операции.
Во „Црвена Соња“ играше рамо до рамо со Арнолд Шварценегер. А неодамна таа откри дека имала кратка врска со него за време на снимањето на филмот. Згодниот бодибилдер ја изневерил со Брижит, Марија Шрајвер со која подоцна се ожени.
- Се чувствував како да сум негова единствена. Тогаш сфатив дека е со Марија и се чувствував измамено! Можеби немаше да навлегувам ако на почетокот ми речеше: „Ќе се омажам за Марија, тоа е многу сериозно“ – изјави еднаш актерката.
Дека славната убавица била многу посакувана, доказ е и бројот на нејзините бракови, од кои само последниот траеше две години. Тоа беше Каспер Виндинг со кој помина само една година. Потоа речиси веднаш се омажи за Сталоне, а се разведе од него по само две години љубов.
Актерката изјави дека Сталоне е „многу лош во кревет“, а кажа и дека го напуштила бракот незадоволна! Медиумите објавија дека бракот драматично завршил, по само 19 месеци, кога таа го соблекла целиот накит и облека и гола ја напуштила куќата на Беверли Хилс.
Таа отворено зборуваше и за аферите, а на медиумите им призна дека кратко време била со Шон Пен во Кан во раните деведесетти. Таа потоа се омажи за Себастијан Коупленд во 1990-та година. И тоа траеше две години, а потоа во нејзиниот живот влезе Раул Маер, со кого остана подолго - дури дванаесет години!
Од 2007-ма година е во брак со нејзиниот сопруг Матија Деси, кој е 15 години помлад од неа, со кој на 55 години го доби своето петто дете, ќерката Фрида.
Борбата за потомство траеше долго, дури и една деценија. Кога на 55-годишна возраст стана мајка, наиде на срамни коментари. Имено, поединци ја навредувааа и коментираа дека на помладиот партнер изгледа како да му емајка, а на ќерката како баба.
Сепак, Брижит не се осврна многу на тоа, туку уживаше во радоста, бидејќи нејзината желба конечно се исполни.
Иако шансите за породување на нејзина возраст биле проценети на само 2,5 отсто, таа сепак успеала да забремени и да се породи на 54 години.
- Ова е многу скапа игра каде што може да победите, можеби не. Многу лекови, хормони, многу маки за конечно некој да ти се јави и да каже - извини, не си бремена. Докторите ми дадоа само 3 до 4 проценти шанси да забременам. Немав многу јајца, но имаше доволно. Не мислев дека после 42 години ќе одлучам да забременам. Имаше многу разочарувања. Иако сте реални, бидејќи знаете колку години имате и дека шансите се против вас, не се откажувајте – изјави тогаш таа.
Извор: stil.kurir.rs