Јелена Ѓоковиќ ги изненади сите со најновото издание: Кратките панталони и сандали би ѝ ги украле сите жени, а чантата е посебна приказна (ФОТО)
Јелена Ѓоковиќ во друштво на сопругот се појави на хуманитарна претстава, а ретко кој можеше да го тргне погледот од неа...
Јелена успеа уште еднаш да ги воодушеви сите со својот моден избор. Таа се појави рака под рака со Новак на хуманитарната претстава „Бродот плови за децата на рударите“ во организација на Здружението на драмски уметници на Србија, преку која се собираат средства за децата на настраданите рудари во рудникот Соко во Сокобања.
Иако бројни јавни личности се појавија на овој настан, сите погледи некако беа вперени во госпоѓа Ѓоковиќ, која пленеше со позитивна енергија и која не тргаше насмевката од лицето.
Јелена на овој настан се појави во лимон жолта маица со јака, над која имаше префрлено сако и кратки лесни панталони, кои ги истакнаа нејзините нозе.
Целиот изглед го надополни со безвременски кафени сандали со ремени, кои ги искомбинира со чанта Луј Витон, чија цела се движи околу 2.500 евра. Секако, на раката имаше ставено еден од омилените часовници, а на лицето имаше минимална шминка, додека косата ѝ беше извиткана во нежни локни.
фото: Принтскрин / Инстаграм