Јелена Ѓоковиќ покажа каква згодница е: Во црвено бикини ги истакна стомачните (ФОТО)
Јелена и Новак Ѓоковиќ со децата Тара и Стефан уживаа во Дубровник каде пристигнаа на јахта што го носи името на нивниот наследник - „Тара“.
По Вимблдон, Новак Ѓоковиќ со семејството ужива во Дубровник, каде папараците го овековечија денот на семејството на плажа. Фотографиите кои пристигнуваат од Јадранот покажуваат каква „мачка“ е Јелена Ѓоковиќ, витка, без навестување на целулит, а со стомачни и по две породувања! Јасно е дека грижата за исхраната и физичкиот изглед се исплати, бидејќи Јелена и напорно тренира.
Познато е дека семејството Ѓоковиќ сака да ужива во активен одмор - каков што е овој моментално, а додека децата користеа разни тобогани и тобогани на вода, Јелена и Новак не ја симнуваа насмевката од лицето.
Инаку, многу се зборуваше за изгледот на Јелена Ѓоковиќ додека таа го бодреше својот сопруг од трибините во Лондон. Таа доби бројни пофалби за нејзиниот моден стил, а сега ништо поразлично нема да биде и во костими за капење.
Јелена носи едноставно црвено бикини. Овој класичен модел од почетокот на летото е земен како таков со кој не можете да погрешите и е на самиот врв на модата кога станува збор за бикини.
Овој тип на дводелен костим за капење одлично им стои на жени со различна големина и е скроен да ги нагласи женствените предности.
Иако облеката слична на бикини се носела уште во стариот Рим, модерните бикини биле направени дури по Втората светска војна. Дизајниран е од францускиот дизајнер Луис Реард како „најмалиот костим за капење во светот“, а го именувал по атолот каде што биле извршени нуклеарните тестови.
ФОТО: Инстаграм принтскрин tennis_stories