Јелена Ѓоковиќ во плетен фустан на важен настан: Покажа како да го носиме, а да изгледаме елегантно (ФОТО)
Јелена Ѓоковиќ воодушевува со секое ново појавување
Јелена Ѓоковиќ е се покоментирана кога е во прашање нејзиниот моден вкус. Каде и да се појави, сопругата на најдобриот тенисер на светот добива внимание, и стана вистинска инспирација за жените кога е стилот во прашање.
Фондацијата Новак Ѓоковиќ во соработка со Post of Austria организираше ексклузивна презентација на осмиумската виолина, највредната нова виолина во светот, а концертот го организираше Стефан Миленковиќ, познат виртуоз на виолина.
За оваа специјална пригода Јелена облече црн плетен фустан со миди должина. Фустанот има истакнато срцелико деколте, кое во последно време многу го носи и одлично ѝ стои. Јелена сè комплетираше со салонки во беж боја, притоа пуштајќи ја косата да паѓа во нежни бранови.
Моделот на фустанот на Јелена веруваме дека сега ќе почнеме да го гледаме насекаде.ФОТО: Инстаграм принтскрин