Јелена Розга во фустан кој спои два омилени летни тренда: Во бојата ќе се вљубите и вие

Добивај вести на Viber

Со настапот на Петар Грашо и Нина Бадриќ во неделата вечер заврши тридневниот музички настан Мелодије Јадран.

Меѓу музичарите кои се појавија на сплитската сцена беше и пејачката Јелена Розга која пред публиката ја претстави песната „Иди ти“.




Покрај музичкиот број, таа ја воодушеви публиката и со своето модно издание.

Јелена на сцената излезе во долг розов фустан од домашниот моден бренд eNVy room. Неонскиот розев фустан спои два големи летни тренда - розовата боја која секоја година станува омилена во најтоплиот дел од годината и кројот- out cut, кој се враќа веќе неколку сезони во летните месеци.



Освен ефектните исечоци на предната страна, голиот грб го направи фустанот посебен. Пејачката го комплетираше изданието со висечки обетки и нараквици и нејзината коса стилизирана во меки бранови.