Јована му подготви оригинално изненадување на Жељко за 47. роденден

Кантавторот Жељко Јокисмовиќ утре ќе наполни 47 години, а неговата сопруга, водителката Јована Јоксимовиќ му подготвува оригинално изненадување. 

Фото: Миша Обрадовиќ

Јована се одлучи целата нивна љубовна приказна да ја стави во албум. Со фотографии, таа ќе го опише целиот нивен живот, кој почнува со моментот кога за прв пат се запознаа како водители на „Евровизија“ во Белград во 2008 година. Во албумот кој ќе биде направен од дрво и со посебно изработен повез, ќе има моменти од нивната венчавка, првите слики од раѓањето на синот Коста, а потоа и од близначките Ана и Срна. 

Еден голем дел од албумот ќе биде посветен на кариерата на Жељко, со фотографии од неговите концерти и музички победи, открил извор близок до двојката за „Србија Данас“.

Јована и Жељко со децата Коста, Ана и Срна

Фото „Телеграф“ 

Јована на Жељко му организираше забава завчера во Белград, кога неговата песна „Милимеатр“ доби признание од Здружението на музичарите на џез, поп и рок музиката. Јована ги покани нивните најблиски пријатели и  организираше вечер во чест на успехот на Жељко, а со оглед на тоа дека сите знаеле дека му се ближи роденденот, тој однапред добил и подароци. Тортата исто така била во знакот на песната, изгледала како метар.