Југославија беше вљубена во неа, а Тоше Проески ја вивна во облаци: И до ден денес изгледа волшебно

Таа беше една од најпопуларните пејачки и секс симболи во осумдесетите. Започна во групата „Видеосекс“, а потоа продолжи со успешна соло кариера. Ања Рупел и денеска е во музичките води.

Словенечките бендови како Булдожер, Панкрт, Лачно Франк и Лајбах веќе долго време беа афирмирани, а потоа се појавија тие. Групата Видеосекс е основана во 1983 година од Изток Турк и Јанез Крижај, а Ања Рупел стана пејачка по аудиција.

Ања Рупел, препознатлива по својот необичен стил, кој беше далеку пред нејзиното време, со лице на невина девојка и црна коса со шишки, беше предмет на соништата на многу мажи во поранешна Југославија.

View this post on Instagram

A post shared by anja rupel (@anjarupel)


Таа имала само 16 години кога почнале да снимаат, а на нејзиниот прв концерт во животот со бендот отпатувала и нејзината мајка.

- Не ми се допадна многу да настапувам на 16 години под името Видеосекс, бидејќи што би кажале баба, тато, учителките на училиште итн. Јасно е дека тоа беше поврзано со некое видео и секс, нешто за кое 16-годишна девојка баш и не зборува, а исто така имавме мал проблем со името на почетокот, да речеме дека дојдовме во Сараево на концерт и очекуваа некаква секс шоу програма. Но, кога Видеосекс стана бренд, никој не се интересираше за значењето на тоа име - изјавила Ања во едно интервју.


По распадот на Југославија речиси ништо не се знаеше за неа надвор од границите на Словенија. Бендот продолжи да работи и во 90-тите, но набрзо тие се распаднаа, а по долга пауза таа продолжи со успешна соло кариера, но во границите на нејзината родна земја.


Ја има ќерката Луна со нејзиниот животен сопатник Алеш Клинар, со кого се запознала во средното училиште и кој во нејзината самостојна кариера ги напишал речиси сите нејзини песни, а освен што пее, пишува и песни за други уметници.


- Се забавувавме една година во средно, па си замина бидејќи е малку постар од мене, па отиде во војска, а продолживме во 91 година. Таа година на иницијатива на Алеш ја снимивме песната „Свободно сунце“ за словенечкиот Бенд Аид 91 и сите музичари ја пееја песната во студио и некако нешто тогаш почна да искри во нас... Очигледно требаше да бидеме и сега сме заедно, подобро е да не броиме колку години сме заедно - изјави таа пред неколку години.


Инаку, големиот кам бек го најави со песната „Скрајни час“ или Крање време која ја испеа заедно со нашата легенда Тоше Проески.