JULIETTE HAS A GUN секогаш има начин на кој ќе направи да гледаш поинаку на работите
Создадени во 2019 година, NOT A COLLECTION е козметичка линија препознатлива по иконскиот Not a perfume мирис.
Трпеливо ја очекувавте новата промоција... Имаше нешто што недостигаше во колекцијата...
Со радост ви ги најавуваме Body Lotion и Home Diffuser.
Body Lotion
Препознатливиот Not a perfume се вовлекува уште еднаш во дневната рутина. Благодарение на мешавината на глицерин, каприличен триглицерид и ши путер, вашата кожа е постојано хидрирана и заштитена. Текстурата се апсорбира брзо, правејќи ја кожата нежна и прекрасно парфимирана.
Home Diffuser
Инспириран од иконскиот Not a perfume, овој дифузер за дома создава чиста, елегантна и уникатна атмосфера. Комфорно чувство на топлина и чистина во ентериертот. Дизајниран како декорација, совршено ќе се вклопи во домот. Во пакувањето има 10 стапчиња од природно дрво. Трајноста е 45 до 60 денови, зависно од бројот на стапчиња кои ќе одлучите да ги користите.
NOT a collection не содржи сулфати, парабени, фталати или вештачки бои.