„Каде е таа? Нека дојде“: Џони Деп за 24 часа успеа да расплака девојка од Белград и да направи хаос кај дамите во Србија (ВИДЕО)
Фановите кои синоќа го чекаа Џони Деп пред белградски ресторан беа позитивно изненадени кога актерот одлучи да запознае обожавателка.
Имено, кога Деп пристигна пред ресторанот, му пријде една жена и побара автограм - „Те молам, за мојата ќерка, таа е тука“.
Холивудскиот актер потоа праша „Каде“ и сакаше да ја запознае.
Актерот ја праша како се вика, а откако рече дека се вика Нина, почна да плаче од среќа. Деп се фотографираше со девојката, ѝ даде автограм и ја прегрна. Девојката не престана да плаче од возбуда, а нејзината мајка ја смири.
Актерот потоа размени уште неколку зборови со девојката, ги поздрави фановите и влезе во ресторанот.
Видеото го објави хрватскиот „Index.hr“.
Инаку 58-годишниот актер ќе биде 24 часа во Србија, каде што се сретна и со претседателот Александар Вучиќ, а ќе добие и орден за заслуги за промоција на Србија преку проектот „Puffins Impossible“ - првата анимирана серија произведена во Република Србија.
Вучиќ се пошегува дека дамите од неговиот кабинет никогаш не дошле подотерани на работа, а дури останале да работат и прекувремено:
-Почестен сум со доаѓањето на Џони деп во нашата земја, особено сум му благодарен за прекрасниот подарок, Џони Паф - Тивкиот врабец, што го добив. Сепак, мојот главен впечаток е дека никогаш не сум видел таква трудољубивост и посветеност на сите дами во мојата канцеларија во последните десет години, бидејќи сите останаа да работат прекувремено, се дотераа како никогаш досега, и сигурен сум дека тоа е само поради мене , и во никој случај поради Деп - се пошегува претседателот на Србија.
По улиците луѓето едвај чекаа да земат автограм и ако имаат малку повеќе среќа да се фотографираат: