Каде и да се појави засенува со убавината: Ова е новата прва дама на Црна Гора

Добивај вести на Viber

Нов претседател на Црна Гора е политичарот Јаков Милатовиќ, а неговата сопруга Милена не ја крие среќата поради огромниот успех на нејзиниот сопруг.

Милена Милатовиќ штотуку стана прва дама на Црна Гора благодарение на убедливата победа на нејзиниот сопруг Јаков Милатовиќ.


Таа е огромна поддршка за својот сопруг во сѐ, го бодри и му дава сила за нови деловни успеси. Сепак, не можеме а да не забележиме дека Милена негува сосема природна убавина. Не направила ниту една пластична операција, освен тоа користи минимална шминка. Но, затоа таа го има еден од најубавите додатоци - широка насмевка која никогаш не ја трга од лицето.


Не стигнуваме да ја гледаме често во јавноста, но кога ќе се појави со сопругот на некој настан - таа секогаш засенува сѐ со својата елеганција и едноставност.


Нејзината омилена модна комбинација се дефинитивно монохроматските костуми со струк, кои ги комбинира со деколтирани блузи. Својот стил секогаш го зачинува со добра чанта, а правата коса лежерно и паѓа преку рамениците.

Покрај тоа, мокасините и се омилени чевли, додека за порелаксирани опции избира балетанки. Милена е вистинско освежување на политичката сцена, која со секое појавување нагласува дека помалку е секогаш повеќе.

View this post on Instagram

A post shared by Milena Milatovic (@milena.radinovic)



Таа веќе неколку години ужива во хармоничен брак со Јаков, а круна на нивната љубов се трите деца - Сара, Ана и Давид. Новиот претседател на Црна Гора е познат како многу грижлив и посветен сопруг, а не пропушта прилика да прави убави спомени со семејството.


Милена Милатовиќ е директор за финансии и економски прашања во црногорскиот електропреносен систем. Таа функција ја добила додека нејзиниот сопруг бил министер


ФОТО: Инстаграм