Кадифените украси за елка се вистински хит: Направете сами новогодишна декорација од 2 состојки кои ги имате во кујна (ВИДЕО)
Ако ви здодеаа старите украси и не сакате да купувате нови - ви предлагаме забавен проект за целото семејство. Направете сами кадифени украси за елката!
Се ближат новогодишните празници и полека почнуваат возбудувањата за украсување, подготовки и планови. Доколку веќе ви е малку досадно со купените украси и сакате да внесете нешто ново и оригинално во вашиот дом, допирот на кадифе може да биде главниот мотив на вашата новогодишна декорација. Декорациите од кадифе се апсолутен хит оваа сезона, а можете да ги направите исклучително лесно дома. Одлична вест е што веќе ги имате сите потребни состојки во кујната, а самата подготовка нема да одземе многу време.
Еве како на наједноставен можен начин да внесете нов живот во вашите стари украси.
Ви треба:
-украси
-акрилна боја
-четки
-сода
-брашно
Еве како да ги направите:
Чекор 1
Обојте ги украсите со акрилни бои по желба. Можете да користите стаклени или пластични украси. Најпрактично би било да користите проѕирни украси, но ако немате, може било кои други.
Чекор 2
Направете мешавина од брашно и сода бикарбона која треба да ја посипете на декорацијата пред целосно да се исуши бојата
Направете мешавина од 2/3 брашно и 1/3 сода бикарбона - брашното всушност ќе им даде на вашите украси кадифен изглед.
Чекор 3
Откако бојата ќе се исуши, избришете го вишокот мешавина од брашно и сода бикарбона
И за крај – само додадете им украсна лента и уживајте во новите украси!
Погледнете ја целата постапка во видеото:
ФОТО: Принткскрин пинтрест