Кафената е новата црна оваа сезона: Како да ја носите и да изгледате како модна кралица

Добивај вести на Viber

Или сте во оние кои ја сакаат, или пак во оние кои не можат да ја поднесат, но дефинитивно е кафената е боја на која треба да ѝ дадете шанса, бидејќи изгледа многу моќно, ефективно и софистицирано.

Црната е боја која е вечен тренд, но секоја модна сезона ни носи барем уште една боја која ја достигнува популарноста на безвременската црна боја. Оваа зима тоа е кафената боја. И тоа апсолутно сите нејзини нијанси - од најсветлата камел до темно чоколадно кафеава.

Оваа боја е многу привлечна и нослива, а одлично се комбинира со исто така многу посакуваната и актуелна - беж боја. Кафено на парчиња облека изгледа луксузно, скапо и софистицирано, па квалитетно парче облека во оваа боја дефинитивно ќе го подигне вашиот стајлинг на повисоко ниво.

View this post on Instagram

A post shared by jull wilde (@juliannawilde)


Што се однесува до облеката во оваа боја, се носи сè - од фустани и здолништа, до панталони и костуми, па палта, кои мораме да кажеме дека изгледаат многу гламурозно во оваа боја и му даваат на секој стајлинг дополнителен шмек на елеганција.

Кафеавата боја изгледа особено добро на кожната облека - здолништа, блејзери и панталони, дури и на трикотажа.

View this post on Instagram

A post shared by jull wilde (@juliannawilde)


Ви носиме идеи и предлози за неколку стајлинзи во кафена боја, кои навистина изгледаат феноменално.

Се надеваме дека ќе најдете инспирација за вашата кафена облека во нашата мала галерија: 



View this post on Instagram

A post shared by jull wilde (@juliannawilde)





View this post on Instagram

A post shared by Alison Toby (@alisontoby)