Како Александра Пријовиќ ослабе 20 килограми по породувањето: Ова е нејзината тајна

Популарната пејачка Александра никогаш не изгледала подобро.

Таа веќе подолг период ја одржува совршената линија, која успеа да ја достигне само неколку месеци по породувањето и откри како симнала 20 килограми тој период.

- Изгубив 20 килограми, ја вратив тежината што ја имав пред бременоста. Можеби сега сум послаба отколку пред да останам бремена - изјави Александра за Информер.

- Откако го родив Александар, се хранам здраво, не само поради својата тежина, туку и затоа што го доев. Го следам планот за диета што го добив од нутриционистот. Од менито целосно ги елиминирав слатките, мрсната храна, газираните сокови и тестото. Јадам салати, риба, разни зеленчуци, пијам исцедени сокови и пијам многу течности секој ден. Така се изгубија килограмите и сега изгледам точно како што сакав - додаде Пријовиќ и заклучи:

- Што се однесува до физичката активност, не се осмелував да вежбам затоа што се породив со царски рез. Немам посебен совет за идните мајки. Најдобро е секоја жена да го направи она што мисли дека треба за да биде задоволна со себе и својот изглед. Не е сè во килограмите.