Како брзо да потемните на сонце: Овие намирници ќе ви помагнат да добиете совршен морски тен

Добивај вести на Viber

Јадете ги овие овошја и зеленчуци и ќе добиете убав тен на одмор, а ќе го спречите и создавањето на брчки...

Покрај кремата за сончање, постојат и намирници кои можат да ви помогнат да добиете убав тен додека ја штитите кожата од брчки и изгореници. Почнете да ги јадете најмалку 2-3 недели пред вашиот одмор.

Лубеница
Освежете се со лубеница, бидејќи изобилува со витамин Б, кој и помага на кожата побрзо да потемни, а воедно и ја штити од штетното влијание на сонцето. Лубеницата содржи и голема количина на вода, која ја хидрира кожата и на тој начин го спречува нејзиното сушење, што доведува до создавање на брчки.

Пиперка
Искористете ја сезоната за секој ден да имате пиперки во чинијата, бидејќи тие се богати со бета-каротин, кој и дава убав тен на кожата. Црвените пиперки имаат најмногу бета-каротин - 841 mcg, зелената 340 mcg, а жолтата 110 mcg. Една порција се состои од една чаша сечкана свежа пиперка или две мали пиперки.

Праска
Секој ден јадете праска за ужина. Благодарение на големото количество на витамин Ц и бета-каротен, праските ќе ви помогнат да добиете убава боја додека се сончате, но и ќе го спречите штетното влијание на УВ зраците врз кожата, како и стареењето на кожата. Една порција праска значи едно поголемо парче. Праските исто така се богати со влакна, витамин А и калиум, но содржат и шеќер, па не претерувајте ако сте на диета.

Спанаќ
Меѓу другите здравствени придобивки, спанаќот е богат со антиоксиданси и бета-каротен, кои ви овозможуваат да добиете убава златно-кафеава боја додека се сончате. Јадете го како салата или како прилог со месо. Една порција спанаќ значи една шолја сечкани листови. Спанаќот зачинете го со маслиново масло, бидејќи содржи незаситени масти кои му помагаат на телото да го апсорбира бета-каротинот од храната.

Домати
Тоа е одлична храна во летниот период. Покрај тоа што е освежувачки и енергичен, содржи ликопен кој ви помага да добиете убав тен. Исто така ги спречува слободните радикали да предизвикуваат брчки. Една порција домати е една шолја свежо сечкани или два мали домати. Ликопенот од доматите може да го намали ризикот од изгореници до 40% доколку се зема секојдневно.

Лимон
Во лето освежете се со лимонада, бидејќи лимоните имаат многу витамин А, кој го зголемува нивото на меланин во организмот. Меланинот е пигмент кој и дава боја на кожата. Покрај тоа, витаминот Ц од лимонот го регенерира колагенот кој ја прави кожата поцврста и ги намалува темните дамки. Една порција лимон се состои од едно парче.

Моркови
Богат е со бета-каротин, кој ја поттикнува пигментацијата на кожата, поради што добива златно-кафеава боја. Исто така, морковите го чуваат здравјето на кожата, бидејќи ја штитат од штетното дејство на слободните радикали. Една порција значи една чаша свежо сечкани моркови. Не претерувајте, бидејќи ако јадете премногу моркови, кожата може да ви пожолти.

Фото: Unsplash.com
Извор: Najzena.alo.rs