Како да бидете шик и суви, дури и кога надвор има катаклизма: Имаме решение, во овие 6 парчиња за дожд има и убавина и спас
Со вистински моден додаток, кој е секогаш при рака или во вашата чанта, шетајте како вистинска модна дива оваа есен и на дожд, бидејќи сигурно ќе останете суви и ќе бидете целосно шик
Кабаница
Кабаницата може да биде најубавото парче во вашата есенска гардероба. Заборавете на детските или рибарски кабаници и пробајте некоја во елегантни пригушени тонови.
Чадор
Големите се поубави, но средните што се склопуваат можете да ги носите секој ден во чантата и да заборавите на можноста неочекувано да се наводените. А за да ја разбиете монотонијата на дождливиот ден, изберете некој во светли бои.
Гумени чизми
Модерни се, а стапалата ќе ви бидат суви! Модерните верзии на гумени чизми се сè поудобни за носење. Сепак, мора да ги носите со памучни чорапи.
Чанта
Доколку се каете што ја носите вашата фина кожена чанта на дожд, чанта од техно материјал кој е водоотпорен е вистинскиот избор. Покрај тоа, тие се тренди и генерално достапни.
Силиконски навлаки за чевли
Никој не сака влажни стапала. Значи, ако не сакате да носите гумени или водоотпорни чевли или едноставно сакате секогаш да имате заштита за вашите омилени чевли во чантата од ненадеен дожд, силиконските и пластичните навлаки за чевли се идеалното решение.
Капа
Штотуку ја средивте косата кога се најави дожд. Дури и да не се навлажни, има големи шанси фризурата да ви ја уништи влажноста. Размислете за некои детали за коса или глава што штитат од дождот, а можете да ги оставите и кога ќе влезете внатре ако вашата фризура е растурена.
извор: stil.kurir.rs