Како да се ослободите од внатрешните сраснати влакна кај интимното подрачје?
Депилацијата на интимната зона треба да означува слатко задоволство на мазна кожа за жените, но често тоа не е така.
Внатрешните сраснати влакна не можат целосно да се спречат, но можете да сторите сé за да го намалите нивното појавување и да го подобрите овој проблем.
1. Пилингот е мајка на депилација
Не е важно дали тоа е восок, апаратче или брич. Дури и не помислувајте за депилација, ако претходно не сте направиле добар пилиг кој ќе ја намали можноста за појавување на внатрешни влакна.
2. Никогаш не користете стари сечила за бричење
Ќе биде уште полошо, ако ја изложите вашата кожа на бактериите што се наоѓаат на сечилото.
3. Не се депилирајте во сомнителни салони
Сакате да спречите непотребни инфекции, избегнувајте нехигиенски услови по секоја цена.
4. Одвојте доволно време за депилација во соло изведба
Ако користите апаратче (депилатор) , не правете го тоа набрзина. Земете малку повеќе време за да направите пилинг, а потоа потоа внимателно депилирајте ги влакната, спротивно од нивниот раст.
5. Како да се ослободите од внатрешните сраснати влакна?
Никако немојте да ги фаќате влакната со валкани раце, особено не на плажа. Добро измиете ги вашите раце, порачјето со влакното и пинцетата, а потоа внимателно отстранете го влакното, но САМО ако е блиску до површината на кожата.
Интересен факт вели дека повеќе проблеми со внатрешни влакна имаат оние женски со виткана коса.