Како да согорите повеќе калории?

Добивај вести на Viber

Постојат многу причини да вежбате, а еден од најдобрите начини на вежбање е тој што ви помага да согорите што е можно повеќе калории.

Најдобро е да ја изберете активноста која ќе сакате редовно да ја користите или можете и да комбинирате неколку активности во кои ќе уживате.

Ако согорувањето калории ви е најважната цел, погледнете како се рангираат одредени активност и колку калории се трошат со нив.

Имајте во предвид дека процените се дадени за жени кои имаат 73 кг и мажи кои имаат 88кг.

Тренерот Давид Сик открива како да согорувате повеќе калории на лената за трчање.

1. Користете ја опцијата за нагорнина

„Комбинацијата од стрмна патека и брзина ќе ви помогне за побрзо согорување на калориите“, вели Сик. Стрмнината и спринтот активираат повеќе мускули, што значи дека трошите повеќе калории.

2. Комбинирајте HIIT и LISS вежби

Истражувањата покажаа дека HIIT (интервален тренинг со висок интензитет) согорува неверојатни количини на калории во краток рок, но Сик вели дека не би требало да сме концентрирани само на овој тип на тренинг. Трчањето на лента треба да се комбинира и со LISS (стационирана состојба со низок интензитет), како и со кардио вежби за телото да биде во рамнотежа.

3. Проверете го пулсот

Тренерот Сик вели дека е важно да се забрза пулсот за вежбањето да биде ефективно. Важно е мудро да организирате кратки одмори, во текот на кои вашиот пулс ќе се нормализира.