Како денеска младата Месечина да ви ја исполни желбата: Еве што треба да направите!

Како да ја натерате младата Месечина која не очекува вечерва да ви ја исполни желбата 

Младата месечина во Лав на денешниот ден (28-ми јули) ќе го осветли небото и нашиот нов почеток. Таа е симбол на посебна енергија и претставува промени, но и манифестација на желби.

Додека трае енергијата на младата Месечина, можете да запалите миризливи свеќи, да се опуштите, да слушате релаксирачка музика и да ги визуелизирате вашите желби.

Новата месечина е време за соништа, нови почетоци и манифестации. Дали сте сонувале за нов автомобил? Дали сакате унапредување на работа? Дали барате љубов? Што и да сакате, бидете јасни и запишете на хартија во форма на листа. Не пишувајте повеќе од 10 желби за да не се оптоварувате премногу. Обидете се да вклучите што е можно повеќе детали, бидејќи тоа може да ги зголеми вашите способности за манифестирање.

Ако се чувствувате поудобно цртајќи, дури и ако сте талентирани, кажете ги вашите желби со цртежи! Можете да цртате симболи, да ги усогласите боите со вашите желби, да бидете креативни на свој начин... Можностите се бескрајни. Само погрижете се да нацртате нешто за секоја желба што ја сакате, без разлика дали тоа е автомобил, љубов, кариера или нов предмет што го сакате.

Затворете ги очите и замислете како се остварува секој од соништата што ги наведовте. Направете во вашиот ум игран филм. На пример, ако сакате нов автомобил, создадете идеално сценарио за себе со тој автомобил. Преправајте се дека го возите токму сега и замислете како би било.

Дали би возеле бавно? Како би изгледал ентериерот, како би мирисал, како би се чувствувале вие? Кој би бил на совозачкото место? Оживејте ја визуелизацијата. Направете ја оваа визуелизација ориентирана кон детали за секоја желба што ја наведовте.

Кога ќе завршите со визуелизацијата, покажете ја вашата благодарност за сето она што го имате и ќе го имате. Можете да го чувате овој список со желби и да го закачите на видно место во вашиот дом за да ве мотивира и инспирира секој ден да го постигнете она што го сакате. Секоја чиста и убава желба е достижна, верувајте!

Извор: sensa.mondo.rs