Како до квалитетна приватна здравствена услуга, а тоа да не ве чини многу пари?
Според извештајот на светската здравствена организација за состојбите со здравствената заштита во светот, стравот за зачувување на своето здравје, како и трошоците за лекување се еден од проблемите што најмногу ги загрижуваат граѓаните.
Дополнително, искуствата со ковид 19, а сега и најавите за енергетска криза, уште повеќе ни создаваат несигурност и страв за иднината.
Она што логично ни се поставува како прашање е како да се осигуриме дека ќе добиеме најдобра здравствена заштита.
Состојбата со државното здравство ни е добро позната на сите! Така, повеќето од граѓаните кога ќе се соочат со некој здравствен проблем одат во приватните здравствени институции. Но таму не ретко ги чека ценовен шок, што многумина не можат да си го дозволат. Па, неретко се случува да се позајмува од пријатели или, пак, да се земе кредит од банка.
А сево ова може да се превенира со навремено планирање и со избор на соодветен пакет за индивидуално и семејно здравствено осигурување од Кроација осигурување, кој обезбедува сигурност за здравјето, како и заштедување време и средства – бенефит што ни го прави животот полесен и поспокоен. Оваа осигурителна компанија од доверба истовремено посредува за услуги во врвни установи и со доктори, а приспособено според потребите на граѓаните.
Кроација осигурување, како осигурителна компанија, отсекогаш креирала продукти кои се флексибилни, приспособливи и кои одговараат на потребите и на можностите на граѓаните. Такви се пакетите CROCARE со кои можете да уживате во брзината на добивање здравствени услуги целосно ослободени од несаканите трошоците во приватните здравствени институции. Пронајдете го соодветниот пакет на https://web.crosig.mk/ или јавете се во контакт-центарот на 15599.