Како до потраен кармин: 4 чекори до совршени усни

Добивај вести на Viber

Предпразничните забави, собири со колеги, пријатели, роднини се совршени за да ја истакнете вашата убавина и да блеснете во целиот ваш сјај. На забавите и собирите најчесто се послужува и јадење, а една од најголемите женски болки е размчкувањето на карминот. 

Токму затоа ви предлагаме неколку совети за потраен кармин.

Најпрво нанесете од течната пудра низ целото лице и околу усните, нашминкајте се, ставете маскара и руменило, а потоа нанесете подлога за кармин, која ќе го задржи карминот подолго и ќе го фиксира, една од поквалитетните подлоги за кармин е од брендот Gosh која може да ја најдете во Cosmo дрогериите. А истата овој месец може да ја купите за 438 денари и да добиете подарок кармин од истиот бренд. 

И секако пред да нанесете кармин исцртете ја убаво усната со моливче за усни (може за нијанса и да ги зголемите усните, доколку знаете убаво да ги исцртате, ако не знаете убаво да исцртувате усни подобро не правете го тоа, за да не добиете обратен ефект). 

Доколку сте љубител на сјај за усни, можете над карминот да ставите и сјај и со тоа да го заокружите вашиот изглед и да бидете сигурни дека вашиот кармин нема да мрдне.


ПР објава