Како Џенифер Лопез заврши зад решетки заедно со Пи Диди: Помина 14 часа во ќелија, а отворено зборуваше за бурната врска со раперот
Раперот Паф Диди во последно време е во центарот на скандалите.
Шон Комбс, попознат како Паф Диди, неодамна беше уапсен под обвинение за трговија со луѓе и макро, а нови обвиненија постојано доаѓаат.
Паф Диди бил уапсен заедно со Џенифер Лопез додека биле во врска
Од 1999 до 2001 година, Диди беше во врска со пејачката и актерка Џенифер Лопез, а двајцата станаа насловни страници откако беа уапсени поради пукање во клуб.
Имено, на 27 декември 1999 година Лопез и Комбс биле во ноќен клуб, кога таму дошло до пукање. Двајцата се обиделе да избегаат, но полицијата пристигнала и ги привела, а обвинети се дека поседуваат оружје.
Џенифер поминала 14 часа во ќелијата и била пуштена со кауција. Обвиненијата против неа подоцна беа отфрлени поради тврдењата дека не била вмешана, а со Диди раскинала еден месец пред почетокот на судењето. Во меѓувреме, повлечени се и обвиненијата против него за овој случај.
Како Џенифер зборуваше за нивната љубов?
Лопез пред пет години проговори за врската со раперот.
„Знаете, Пафи и јас пораснавме во Бронкс. Тој беше во музичкиот бизнис и имаше толку многу успех. Само што започнав и го снимав мојот прв албум кога го запознав. Тој ми стана еден вид ментор во тој момент. Имавме луда, бурна врска која заврши со тресок. Дефинитивно беше поттик на моментот, но чувствував дека е неопходно. Тој требаше да биде во мојот живот тогаш за да ме научи што треба да знам за музиката, за тоа каков уметник сакам да бидам во музичката индустрија“, изјави таа за CBS Sunday Morning.
Џенифер веднаш по раскинувањето изјавила дека морале да раскинат бидејќи не можела да го има животот каков што сакала со него, а тврдела и дека раперот ја изневерил.
„Тоа беше прв пат да бев со некој кој не беше верен. Бев во таа врска со Паф каде плачев, лудев и полудев, тој навистина цел живот ми го фрли во виор. Никогаш не го фатив, но само знаев. Тој би рекол дека оди во клуб на неколку часа, а потоа нема да се врати таа вечер“, изјави таа за списанието Vibe во 2003 година.
Бурната реакција на мајката на пејачката на приказната за нејзиното помирување со раперот
Очигледно, мајката на пејачката Гвадалупе Родригез никогаш не ја одобрила нејзината врска со Паф.
Дури и откако Џенифер и тој беа уапсени, пријателите кои беа таму по ослободувањето на пејачката од притвор тврдеа дека нејзината мајка била многу лута и и викала: „Ти реков да не правиш ништо со него“.
Дека Гвадалупе дефинитивно нема добро мислење за Диди се виде и на шоуто на Венди Вилијамс во 2015 година, каде Лопез беше гостин, а нејзината мајка седеше во публиката.
Имено, водителката ѝ рекла на Лопез дека секогаш може да замисли како се смирува со Диди и засекогаш ги гледа заедно.
Џенифер потоа се насмеа и рече дека тоа го слушнала многу пати досега. Во тој момент камерата ја фати Гвадалупе која имаше сериозен изглед на лицето и почна да мафта со рацете и да вели: „Готово е“.
ФОТО: Инстаграм