Здравје // Совети
КАКО Е МОЖНО: Некои страсни пушачи доживуваат длабока старост
Американските научници истражуваа како е можно некои пушачи да доживуваат длабока старост.
Велат дека за тоа причина се гените. Гените им овозможуваат да бидат отпорни на штетни материјали од цигарите, но и генерално и на останатите загадувања околу нас.
„Кај долговечните пушачи откривме генетски маркери, кои се исти како и маркерите кај луѓето кои доживуваат длабока старост, а не се пушачи. Тие гени функционираат што постигнуваат брзо опорвување на ќелиите и постигнуваат нивна подобра отпорност на штетните навики на кои луѓето се изложени, вклучувајќи го и пушењето“- рекол научникот Морган Ливијан за Дејли Меил.
Луѓето кои имаат такви гени имаат за 11 проценти помалку шанси да добијат некој вид на канцер.