КАКО Е ПОДОБРО: Да се тушираме секој ден или да скокаме денови?
Научници утврдуваа како прескокнувањето на секојдневното туширање влијае на кожата и на здравјето.
Некои од нив тврдат дека не треба да се туширате секој ден бидејќи на тој начин се чува кожата и нејзината pH вредност.
Сепак, кожата е прекриена со бактерии и тоа со дури 1.000 различни видови бактерии, како и габи. Најголем дел од тие микроби се добри, но она што сапунот и водата прават е помагање на добрите бактерии во борбата со лошите.
Секојдневното туширање влијае на тоа телото да биде отпорно на разни инфекции и проблеми со нехигиената.
Ако не се бањате секој ден, кожата собира маснотии и нечистотија, што предизвикуваат затнување на порите и можност за воспалувања и иритации. Тоа е особено опасно за луѓето кои страдаат од дерматитис и на овој начин може само да се влоши состојбата.
Најлоша последица од избегнувањето секојдневно туширање е непријатниот мирис.
Верувале или не, нередовното туширање произведува дури 30 различни мириси кои зависат од исхраната и хормонскиот статус на поединецот.
Заклучокот е дека туширањето треба да го практикувате секојдневно, но избегнувајте користење на агресивни средства за хигиена особено во зимските месеци, советуваат експертите.