Како и зошто пропадна Џејми Оливер? Одговорите се овде!

Добивај вести на Viber

Повеќе од две децении Џејми Оливер беше еден од најпознатите готвачи на светот, а титулата ја освои преку неговото шоу „Гол готвач“. Последна вест за него е дека банкротира 

Во последните неколку години, Џејми Оливер се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, што резултираше со затварање на дури 25 од неговите ресторани ширум Обединетото кралство. 

Групацијата „Jamie Oliver Restaurant“ минатиот вторник поднесе барање за стечај, а повеќе од 1.000 луѓе останаа без своето работно место. Меѓународната франшиза Џејми Оливер, односно неговиот 61 ресторан ширум светот ќе продолжат да работат.

Се' уште во живот се и трите ресторани на лондонскиот аеродром Гетвик, иако не се знае уште колку долго би функционирале. Ако дојде и до нивно затварање, без работа ќе останат уште 300 луѓе, што нема воопшто да биде изненадувачко, бидејќи Оливер е веќе 71,5 милиони фунти во минус.

Проблемите на познатиот готвач и не се некоја новост, со оглед на тоа дека бројот на неговите ресторани во ланецот во последните две години се намали на минус 17. Оливер за тоа го обвинуваше растот на цената на наемот и работната рака, како и „гостите кои краделе работи од тоалетот и вработените кои краделе намирници и шишиња вино“.

Растот на цената на наемот се' уште се води како еден од причините за пропаст на ова 11 годишно кулинарско царство, но не и како единствено. Попрецизно кажано, компанијата уште пред две години ја потресе референдумот за Брегзит и тогашниот пад на фунтата поради кои поскапи увозот на намирници, а компанијата на Оливер беше готова да банкротира.

Како виновник за работниот колапс на кулинарската ѕвезда се спомнуваат и голем број ресторани во Британија, а ситуацијата никако не се подобрува, ниту фактот дека договорот за Брегзит е одложен, па довербата на потрошувачите беше во голема мера намалена, што исто така влијаеше на потрошувачката на Британците кои се помалку јадеа во своите домови.

Сето ова во комбинација со прескапите оброци на Џејми Оливер не можеше да излезе добро.

Дополнително, некои стручнаци велат дека причините за падот на посетеноста на рестораните на Оливер произлегуваат од нефлексибилното работење, бидејќи упорно се спротивставуваа на трендот за доставување на храна.