Како изгледа животот во паметно скоцкан микро-стан од 12 квадратни метри: Ќе се воодушевите (ВИДЕО)
Има и кујна и бања.
Животот во Париз е многу скап. Месечната кирија за гарсоњера од 30 квадрати во главниот град на Франција ќе ве чини во просек од 950 до 2.200 евра. Затоа е ценет секој сантиметар слободен простор и не е чудно што популарни се и таканаречените микро-апартмани - единици од околу 10 квадрати кои повеќе личат на плакар отколку на простор за живеење. Во такви микро-апартмани обично нема место за бања и тоалет - тие главно се делат со другите станари во зградата.
Сепак, со малку труд и имагинација, дури и овие микро-апартмани можат да се претворат во пријатен дом. Тоа го покажа примерот на архитектката Џули Набусе, која на неверојатен начин трансформираше стан од 12 метри квадратни во центарот на Париз на улицата Монторгеј, пишува сајтот Punkufer.
Целиот овој мал стан е еден добро дизајниран мултифункционален простор - од вградените полици може да се извлече кревет, кој може да функционира како кауч и фотелја за читање книги доколку е потребно.
Кујната е визуелно одвоена од спалната соба со кабинети од иверица кои го кријат бојлерот и обезбедуваат многу простор за складирање. Во микро-станот имало дури два квадрати за мини-бања, во која дизајнерот успеал да стави туш и тоалетна шолја.
Видеото на Кирстен Дирксен на Јутјуб открива како изгледа животот во париски микро-стан од 12 квадратни метри. Погледнете.
ФОТО: Илустрација