Како ќе се гласа годинава на Евровизија

Вечерва се одржува првата полуфиналана вечер на Евровизија и со нетрпение ќе го очекуваме настапот на нашиот претставник Васил Гарванлиев.

Гласањето на овогодинешната Евровизија ќе се одржи на ист начин како и на последното натпреварување.
Покрај 16-те земји учеснички, своите гласови ќе ги дадат и Италија, Германија и домаќинот Холандија. Стручното жири ги делегираше своите гласови на втората генерална проба, додека публиката тоа ќе го стори во програмата во живо, за време на преносот во живо. Со комбинирање на гласовите на публиката и стручното жири, ќе бидат одредени десет среќни финалисти во сооднос 50/50.

Како што е познато, националното жири има пет члена. Сите ги рангираат песните според нивните критериуми од првата до последната, а потоа софтверот го пресметува просечното рангирање за секоја песна според т.н. експоненцијален модел на тежина на гласовите, според кој песните што ќе бидат високо или слабо оценети од повеќето членови на жирито - претежно ќе останат во тој дел од табелата. Ова ќе се направи со доделување на „предодредени коефициенти“ на секоја рангирана позиција од страна на EBU. Овие поени ќе започнат од 12, а потоа експоненцијално ќе се намалуваат. На пример, песната што е прва на ранг-листата кај еден член на жирито, ќе вреди 12 поени, второто место ќе вреди „нешто помалку од 12“ и така натаму до последно рангираната песна во серијата .

Со други зборови - член на жирито кој видно полошо ќе позиционира една песна во однос на другите членови на жирито, нема да има силно влијание врз конечното рангирање или пласман на песната.

Така, конечното доажѓа рангирање од национално жири, така што првите 10 песни ќе добијат 1-8, 10 и 12 поени. На нив ќе им се придружат гласовите на публиката, кои се добиваат на поедноставен начин - позицијата / рангот на песната се одредува врз основа на бројот на примени телефонски гласови, а првите 10 добиваат поени 1-8, 10 и 12 , кои потоа се додаваат на гласовите на жирито (систем 50/50).

извор: zena.blic.rs