Како Клои Кардашијан ги шокира фановите

Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан долго криеше дека е во блажена состојба, а јавноста неодамна ја шокираше со една изјава.

Имено, долго се шушкаше дека Клои носи момче, а и таа сама го потврди тоа, но сега се случи пресврт.

Познатата дама која е во осми месец од бременоста јавно откри дека носи девојче, а потоа бројните фанови ги изненади и шокира кога призна дека е разочарана бидејќи мислела дека е момче.

„Не го очекував ова, цело време верував дека носам син. Дури на сите им кажував дека ќе родам момче. Не знам како ќе се прилагодам на фактот дека е во прашање девојче“, напиша Клои.

Сестрата на познатата Ким Кардашијан, наскоро би требало да се породи а во нејзиниот дом одржа забава по доаѓање на свет на девојчето.

Таа овие денови посетила бројни луксузни бутици и ја направила листата подароци кои сите заедно вредат 90 илјади долари.

Таа официјално не е во брак со таткото на бебето кошаркарот Тристан Томсон.