Како максимално да ги искористите светлата на вашиот автомобил во зимата
Часовниците се поместија за еден час наназад, а многу луѓе ќе патуваат од работа до дома во темница. И покрај тоа што има помал патен сообраќај во текот на ноќта, ова епериод кога 30% од сите несреќи во Европа се случуваат. Во ситуации на слаба видливост, важно е да знаете како да ги користите светлата на вашето возило. Maite París, кој е задолжен за развој на светлата и фаровите во SEAT, објаснува како светлата на вашето возило да ги користите ефективно.
„Нема причина да не се вклучуваат долгите светла, тие се дозволени само на меѓуградски патишта со мала видливост, но многу возачи не ги користат поради страв од преголема светлина во сообраќајот. Меѓуградските патишта се местата каде што помошта од долги светла се од корист. “, објаснува Maite. Системот за светла на SEAT, автоматски детектира присуството на возила во двете насоки и автоматски ги префрла светлата од долги, кон соборени, обезбедувајќи дополнителна удобност и безбедност.
Луѓето во градот Рјукан, Норвешка живеат 6 месеци во темнина, бидејќи не добиваат сончева светлина од септември до март. На места како Рујкан,соборени светла се задолжителни 24 часа на ден. Од друга страна, во земји како што е Шпанија, соборени светла се користат само во текот на ноќта или во текот на денот кога има слаба видливост, на пример во тунел или под силен дожд.Кај нас во Македонија, задолжителни соборени светла се користат во периодот од месец Ноември, до Март, кога времето и видливоста се намалени. Во овие ситуации, опцијата „Auto“ го прави возењето поудобно, бидејќи автоматски ги активираат соборените светла“, уверува овој инженер.
„Со додавањето на LED светлата, не само што штедиме на потрошувачката туку и ја подобруваме безбедноста“, вели Maite. Овој вид на осветлување е повеќе сличен на дневна светлина од халогенска сијалица. LED светилките, исто така, реагираат 150 милисекунди побрзо од сијалицата со халоген, што значи дека LED диодата на сопирачката се активира 5 метри порано, при возење со брзина од 120 км/ч. Освен тоа, тие се дизајнирани да траат низ целиот животен век на возилото и да не се менуваат.
Една честа грешка што ја прави возачот е да ги вклучи задните светла за магла преку ден кога врне малку. Овој експерт посочува дека светлата за магла треба да бидат вклучени само во ситуации кога има мала видливост, како што е обилниот дожд или густата магла, што е и обврзувачко со нашите закони. Неправилна употреба може да ги заслепи и да им пречи на останатите возачи во сообраќајот. Ако вашиот автомобил е опремен со предни светла за магла, најсоодветно е да ги користите во случаи на слаба видливост, како што е тежок или многу пороен дожд, магла, снег или прашина и чад облаци, како и на тесни ликвидни патишта.