Моден фокус // Трендови
Како најдобри другарки: Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ модно усогласени во бели комбинации (ФОТО)
Српските пејачки објавија фотографии кои ги воодушевија нивните следбеници
Јелена Карлеуша и Милица Павловиќ блеснаа во бели комбинации, а нивните фотографии ги воодушевија следбениците на социјалните мрежи.
- Почнува сезоната на лавовите, напиша Милица во описот на нивните фотографии, каде позираат како две најдобри другарки.
Фотографиите на својот профил ги сподели и Карлеуша, и додаде:
- Сите добри девојки одат во пеколот. Најпристојните тиктокери.
Колешките собраа огромен број лајкови, а Јелена откри дека биле на заедничка забава во луксузен бар во Белград.